Анастасија Ражнатовиќ заљубена до уши во фудбалерот: Познатиот пар прослави 6 месеци врска, а еве какво изненадување доби од љубениот
Нено + Таса
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ веќе половина година ужива во љубовта со фудбалерот Немања Гудељ.
Таа сега ја покажа романтичната страна на Инстаграм и објави неколку спомени со Гудељ, меѓу нив и заедничка фотографија од одморот.
Ражнатовиќ за шест месеци врска доби голем букет со ружи со посебна порака, а сето тоа го објави на Инстаграм и ги воодушеви следбениците.
„Те сакам“, напишано е со белите рози во букетот, а нема сомнеж дека пејачката ужива во новата врска.
Инаку, неодамна Анастасија откри дека не е во врска на далечина, туку дека има два дома, еден во Србија, а другиот во Шпанија, каде што игра нејзниот сакан.
Фото: Инстаграм
Коментарите се заклучени.