Како да не се браќа: Принцовите повеќе не се гледаат во очи, ниту разговараат, што се случува?

Свет

Принцот Хари и принцот Вилијам во никогаш полоша врска досега. Што се случи деновиве? Што го натера Вилијам толку да му се налути на својот брат?

Светот ја обиколи фотографијата од принцот Вилијам и принцот Хари, каде рамо до рамо во тажна поворка оддадоа почит на ковчегот на кралицата Елизабета. Медиумите пренесуваат дека браќата за првпат застанале рамо до рамо, но јазот меѓу нив бил видлив со голо око. Ретко кога односот меѓу принцовите бил толку напнат, а јазот толку голем.

Британците се прашуваат што друго може да направи Вилијам за да ги ублажи односите со својот брат?

Колку и да се трудеа, новинарите, снимателите, но ниту публиката не можеа да ја „фатат“ таа трошка надеж, мал знак на помирување, братска љубов или простување. Тоа не беше случај меѓу Хари и Вилијам.

Сепак, Британија се надева дека овој тажен настан сепак ќе ги обедини браќата. Пред четири дена кога Хари и Меган, Кејт и Вилијам шетаа пред замокот Виндзор, светот мислеше дека тоа е моментот кога ќе ги видиме браќата помирени. Но, како токму тој момент да создаде уште поголема бездна меѓу браќата, денес нивната врска изгледаше уште поладна во споредба со нивното однесување пред четири дена.

Дали најавената биографија на принцот Хари ќе ја види светлината на денот? Принцот Вилијам пред смртта на кралицата рекол дека нема помирување додека не види што пишува во биографијата. Дали и денес го држи тој став?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.