Јапонскиот колач претставува интересна комбинација на бисквити и чизкејк колач, а со оглед на тоа што брзо се подготвува идеален е и за летните температури кога не сакаме да поминеме многу време покрај рерната.
Како се подготвува јапонски колач?
Состојки:
5 јајца
180гр шеќер
200гр брашно
Лажица кора од портокал
50мл полномасно млеко
50мл сок од портокал
4 лажици мед
6 лажици масло
Подготовка:
Заматете ги јајцата со шеќерот. Правете го тоа со најголема брзина на миксерот, околу 5 минути, додека не добиете светла смеса. Миксерот променете го на средна брзина, постепено додадете го брашното, потоа млекото и сокот од портокал. Кога се убаво ќе се поврзе додадете ја кората од портокал, мед и на крај, маслото.
Смесата ставете ја во тава за печење, обложена со хартија за печење. Печете 10 минути во претходно загреана рерна на 180 степени, потоа намалете ја темперетурата на 160 степени и печете околу 45 минути.
Извадете го колачот од тепсијата, оставете да се олади на собна температура, па завиткајте во пластична фолија и ставете го во фрижидер така да преноќи. Наредниот ден сервирајте.
Коментарите се заклучени.