Амал Клуни направила полн погодок, модните критичари се воодушевени: Во овој фустан секоја жена изгледа како милион долари!

Совршено

Овој модел на фустан ги крие буквално сите недостатоци

Две години вешто се криеше од папараците и одбегнуваше јавни настани, но сега реши да се врати во голем стил.

Амал Клуни во растојание од само неколку дена се појавила на два големи настани и сите ги потсетила дека со причина ја носи титулата „кралица на стилот“.

Овој пат одбрала бел фустан покриен со светкавци кој ја следел линијата на телото и заслужила чиста десетка. Правничката блескала во друштво на сопругот Џорџ Клуни и не ја симнувала насмевката од лицето.

Овој модел на фустан, освен што е ефектен, одлично им стои на сите жени, а особено добар избор е за дамите што сакаат да го сокријат вишокот на стомакот и визуелно да го направат струкот потенок.

„Јазолот“ на половината создава илузија на песочен часовник, а тоа е обликот на телото што повеќето жени го посакуваат. Доколку барате совршен фустан, ископирајте го стајлингот на Амал Клуни нема да погрешите.

А ако обожавате поелегантни комбинации и ви се допаѓа нејзиниот стил, добро е да ги знаете нејзините 5 модни заповеди што никогаш не ги прекршува…

Прво правило: Секогаш одбирајте фустани што му ласкаат на вашиот облик на тело

Не водете се по трендовите, туку одбирајте ја онаа гардероба што најдобро ѝ прилега на вашата градба. Амал сака да носи фустани и најдобро се чувствува во нив, но никогаш не би носела нешто по секоја цена само затоа што е во мода.

Второ правило: Секогаш усогласувајте ги бојата на чевлите и фустанот

Таа речиси секогаш го почитува ова правило и вели дека така можноста за правење грешки е сведена на минимум.

Трето правило: Вложете во квалитетен капут

Амал е сигурна дека секоја жена во гардероберот мора да има барем еден модел добро скроен капут. Таа предлага еден во јака боја што секој стајлинг ќе го направи интересен.

Четврто правило: Во некои пригоди потпетиците не се добар избор

Поголемиот дел од времето го поминува во судница и најчесто е во високи потпетици, но вели дека тие некогаш не се најдобра опција. Кога не е во суд, попрво одбира рамни и удобни обувки.

„Никако не носете потпетици по секоја цена. Жената може одлично да изгледа и во рамни обувки, а во некои пригоди непримерно е да се носат високи потпетици.“

Петто правило: Помалку е повеќе

Таа обожава модни додатоци, но никогаш не претерува. Верува дека едно парче накит е сосема доволно за да го надополни секој стајлинг.

Кога е модата во прашање, оваа жена никогаш не греши: 6 модни заповеди на Амал Клуни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.