Кога е модата во прашање, оваа жена никогаш не греши: 6 модни заповеди на Амал Клуни!

Внимателно прочитајте

Нејзините модни комбинации се за чиста десетка

Амал Клуни (42) станала позната по венчавката со Џорџ Клуни, а за кратко време им станала пример на многу жени ширум светот. Таа е образована, амбициозна и успешна жена. Освен тоа, и нејзиниот стил е беспрекорен. Таа одлично ги познава сите модни правила и трендови. Ова се шесте модни заповеди што сите жени би требало да ги усвојат…

Правило 1: Секогаш одбирајте фустани што му ласкаат на обликот на вашето тело

Не водете се според трендовите, туку одбирајте ја онаа гардероба што најдобро ѝ прилега на вашата градба. Амал обожава да носи фустани и најдобро се чувствува во нив, но никогаш не би ги носела по секоја цена, само затоа што се во тренд.

Правило 2: Секогаш усогласувајте ја бојата на чевлите и фустанот

Таа речиси секогаш го почитува ова правило и вели дека така можноста за правење греши е сведена на минимум.

Правило 3: Вложете во квалитетен капут

Амал е сигурна дека секоја жена мора да има во плакарот барем еден модел на добро скроен капут. Таа предлага еден во впечатлива боја кој секој стајлинг ќе го направи интересен.

Правило 4: Во некои пригоди потпетиците не се добар избор

Поголемиот дел од времето го поминува во судница и најчесто е во високи потпетици, но вели дека тие некогаш не се најдобрата опција. Кога не е во судот, со задоволство одбира рамни и удобни обувки.

„Никако немојте да носите потпетици по секоја цена. Жената може одлично да изгледа и во рамни обувки, а во некои пригоди едноставно е непримерно да ги носите“, вели таа.

Правило 5: Помалку е повеќе

Таа обожава модни додатоци, но никогаш не претерува. Верува дека едно парче накит е сосема доволно за да го надополните секој стајлинг.

Правило 6: Големо ДА за посмели комбинации

Кога излегува, нејзиниот стил е малку похрабар. Таа обожава да ја покажува својата вита фигура, но со мерка. Вели дека нема ништо против кратки маици и фустани, ако тоа не ја преминува границата на пристојноста.

Кралица на деловниот стил: Модни комбинации за паметење во режија на Амал Клуни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.