Марко Новевски рипна во тавче: Вечно насмеаното момче конечно се предаде! (ФОТО)

Водителот и неговата сакана кажаа „да“

Марко Новески алијас Марко „Дај побрзај“ до вчера важеше за вечно насмеаното момче „падна“, но и заколнат ерген, би рекле, но нештата се сменија! Во доменот на егенството, насмевката е се’ уште тука!

Имено, популарниот водител се потпиша во книгата на венчаните!

Марко и Цена Плавевска се заветуваа на љубов до крајот на животот, онака, свечено, но во кежуал-облека, пред сведоците и во кругот на семејството и најблиските пријатели.

Се оженииииив! Те сакам, Плавевска, и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна. Голема благодарност до кумот Дамјан за безрезервниот ангажман околу целата работа и секако до старосватицата Сашка М. за стручната логистика околу овој чин“, напиша тој на Инстаграм, споделувајќи фотографии од церемонијата по повод стапувањето во брачните води.

Уште кога се свршија во февруари годинава, водителот рече дека сакаат „свадба голема“, арно ама пандемијата Се’ уште трае, а љубовта и брачните обврски не можат да чекаат, па свадбената прослава ќе ја одложат за некои подобри времиња. Можеби во пакет со крштевка!

Екипата на „Убавина и здравје“ на Марко и неговата сопруга Цеца им посакува долг и среќен брачен живот!

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.