Дознајте кој ден од неделата е најповолен за свадба, а кој за оставање на цигарите

За среќен брак и здрави бели дробови... на долги патеки!

Верувале или не, постојат денови што се поповолни да склучите брак или да побарате покачување на платата, а научниците тврдат дека еден ден во неделата е најповолен да имаме секс! Дознајте кои се тие денови во продолжение на овој текст!

За секс – четврток

Четврток е најдобриот ден за да имате секс, бидејќи, според истражувачите на Факултетот за економија во Лондон, природните нивоа на адреналинот, кои влијаат на возбудата, во овој ден го достигнуваат својот врв.

За продажба на стан – петок

Трговците со недвижнини кои ќе одлучат да продаваат станови во петок имаат значително поголема шанса тоа да го направат успешно, тврдат од компанијата за недвижнини од САД, „Редефин“. Ова го соопштија по анализата направена на нивната работа, односно по истражувањето на судбината на 16 милиони понуди на пазарот за 21 месец.

Барање за зголемување на платата – среда

Седум од десет менаџери изјавиле дека најмногу зголемуања на плата одобриле во среда.

Свадба – петок

По традиција свадбите обично се одржуваат во сабота, но сепак, ако овој свечен настан го поместите за еден ден однапред, цената е многу пониска.

Да се откажете од цигарите – петок

Според научниците, волјата на човекот генерално е најсилнита во петок.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.