Дизајн: Облечете го својот дом во ново „руво“

Обработката на подните, ѕидните и таванските површини со декоративен ефект со изглед на цемент е сè побарана меѓу архитектите. Може да се „облечат“ подовите, ѕидовите, таванот, како и мебелот во екстериерот и во ентериерот

Завршната обработка, со изглед на цемент, е отпорна на надворешните временски влијанија, па се користи и во екстериерот за обложување пултови, шанкови, столови и за подови на терасите и на балконите.

Исто така е погодна за патеките во дворовите и за подните површини на базените. Во внатрешните простории се користи за кујни, бањи, ходници, скали, сауни, а може да се обложуваат и делови од мебел.

Изгледот на цемент може да биде во нијанси на бои како што се црвена, сина, зелена, жолта, кафена, така што е лесно да се вклопи во постојниот ентериер и екстериер.

Нема фуги, а во техничка смисла е отпорен на УВ-зраците.

Има голема јачина, идентична со бетонот, што го прави многу отпорен на абење.

Кога се додава во полиуретанскиот заштитен лак, се добива систем отпорен на механичка абразија.

Може да се вгради речиси на сите цврсти и стабилни подлоги како што се бетон, бетонска кошулица, плочки, мермер, плочи.

Ако се заштити со лак, може да има висок сјај или да биде мат, сепак посебен ефект добива со сатен-лак – полусјај.

Вака „облечените“ подови и ѕидови му даваат дополнителна топлина во вашиот простор, пријатна атмосфера и впечаток на долготрајност и издржливост, додека вашата визија и високиот спектар на бои му даваат уникатен изглед и личен печат.

Текст и фото: Home Style

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.