Шпански ветер на едноставен начин

Приготвување: 15 мин.

СОСТОЈКИ:

1 пакување пуслици (целуфки)

4 јајца

8 лажици шеќер

2 млечни чоколада

1 пакување шлаг-пена

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Наредете ги пуслиците во тепсија.

Одделете ги белките од жолчките, па изматете ги белките во цврст снег. Додајте ги жолчките, шеќерот и растопеното чоколадо. Измешајте во хомогена смеса и прелијте врз пуслиците.

Пригответе ја шлаг-пената според упатството на кесичката и нанесете ја врз чоколадната смеса.

Оставете ја во ладилник најмалку 4 часа да се стегне. Исечете ја и послужете ја.

Текст: Испрати рецепт

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.