Макси-фустан што воодушевува: Стајлингот на Оливија Палермо е за чиста десетка!

Прекрасно!

Модната инфлуенсерка и бизнис-жена позната е по добриот стил

Оливија Палермо е позната по својот префинет вкус и авангардни модни комбинации, кои често поставуваат трендови и ги поместуваат модните граници.

Нејзиниот стил е дискретен и минималистички, а секој стајлинг е осмислен до перфекција и до последниот детаљ. Така било и овој пат.

Оливија овој пат била фотографирана во фустан што го одзема здивот со својата едноставност, но и ефектност истовремено. Станува збор за макси црн фустан од платно со потполно едноставен крој, кој се шири во должина.

Фустанот е надополнет со дискретна руска крагна, а Оливија со ова парче понела прекрасна чанта со црни детали, која исто така е апсолутен хит оваа модна сезона.

На нозете носела едноставни рамни, црни папучи, украсени со дискретни златни детали кои совршено се вклопиле во целиот стајлинг.

Оливија Палермо уште еднаш докажа дека е кралица на стилот: Овој стајлинг е за чиста десетка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.