Тексас-здолништата се враќаат во мода!
Овие здолништа се полн погодок во 2021 година.
Тексас-здолништа навистина нè водат на вистинско патување во минатото. Од мини здолништата од 70-тите години на минатиот век, преку тексас-здолништата „молив“ од 80-тите, па сè до миди искинатите тексас здолништа кои ги носевме пред неколку сезони.
И додека тексас-здолништата ни се толку познати, време е да научиме како да ги носиме денес, бидејќи, ова парче облека се врати во мода!
За наша среќа, ова лето, има многу варијации на темата, а ние ви ги претставуваме нашите омилени.
Тексас-здолништа за лето 2021 година
А-крој
Овој крој е вистинска класика, а контрастот на обликот на здолништето со останатата облека ја прави целата комбинавија тренди и шик.
View this post on Instagram
Светол тексас
Светлиот тексас е идеален избор за лето. Комбинирајте вакво тексас-здолниште со сандали и маичка и нема да погрешите!
View this post on Instagram
Со нитни
Овие необични тексас-здолништа ќе го освежат секој летен изглед!
View this post on Instagram
Асиметрија
Со вакво здолниште, сигурно ќе привлечете внимание каде и да се појавите.
View this post on Instagram
Долги тексас-здолништа
За оние кои не сакаат кратки, има и долги здолништа кои совршено се комбинираат со скоро сè.
View this post on Instagram
Прочитајте и: Инфлуенсерките „полудеа“ по овој модел на папучи (ФОТО)
ФОТО: Instagram