Оливија Палермо уште еднаш докажа дека е кралица на стилот: Овој стајлинг е за чиста десетка!

Тип-топ средена

Деловниот стајлинг без мана изгледа токму вака

Сè што ќе облече е за чиста десетка. Оливија Палермо уште еднаш ни покажа како треба да изгледа совршено стилизираната жена за на работа.

Белата кошула и фармерките никогаш нема да излезат од мода, а овие парчиња одлично им стојат на жените од сите генерации. Оливија целиот стајлинг го надополнила со шарена чанта и големи црни очила за сонце. Интересниот модел на балетанки ѝ дал посебен печат на целата комбинација.

Ако не знаете што да облечете за следниот работен ден, водете се по примерот на Оливија и нема да погрешите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.