Прво земјотрес, а потоа труење со јаглерод-моноксид: Николина Пишек нема намера да се врати во „проколнатиот“ стан

Моментално живее во хотел

Во саботата вечерта, хрватската водителка Николина Пишек и нејзината петгодишна ќерка Уна за малку ќе станеа жртви на смртоносна доза гас. За среќа, нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ, кој тогаш бил во Белград им се јавил на пријателите и ги замолил да проверат дали е сѐ во ред со неговото семејство.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)


Иако сѐ уште не е познато како дошло до труење со јаглеродниот моноксид, се претпоставува дека причина е пукната цевка. Николина не ни претпоставувала дека тоа што се чувствува лошо има врска со нејзината здравствена состојба.

Имав тахикардија, ми беше мачно и чувствував силна главоболка. Легнавме околу 2 и на Уна ѝ се слоши. Му се јавив на сопругот Видоје, кој беше во Белград. Подоцна ми рече дека сум била чудно смирена. За среќа се посомнева дека нешто не е во ред. Ме убедуваше веднаш да одиме на лекар, но јас му реков дека ќе одиме изутрина. Кога подоцна ни се јавувал, веќе не можел да нѐ добие“, раскажа Николина за Јутарњи лист.

Еден од пријателите на Видоје, кого тој го замолил да ги провери жена му и ќерка му, околу 2.30 минути дошол до станот, а Николина со последните сили му го отворила прозорецот, додека нејзините кутриња лаеле.

Да не реагираше така, сега немаше да разговарам со вас, бидејќи за нас немаше да има спас додека дојдеше тој“, вели Николина, која му е благодарна на сопругот поради грижата.

Пријателот на Видоје веднаш повикал полиција, која морала да провали во станот, каде што ги пронашле Николина и Уна во бесознание. Дошле и пожарникарите, кои утврдиле дека количината на гас во станот во тоа време е седумпати поголема од дозволеното. Николина и Уна веднаш биле пренесени во болница.

За жал, можни се последици од вакво тешко труење, а Николина вели дека на белите дробови и на ЕКГ-то се гледаат оштетувања. Уна треба да оди на понатамошна невролошка обработка, пренесува Јутарњи лист.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)


Причините поради кои настанало протекување на гасот сѐ уште не се познати.

Претпоставувам дека проблемот настанал поради санацијата која се прави во зградата по земјотресот. Не би обвинила никого дека е виновен за она што се случи, само сакам да откријам што се случи, бидејќи станува збор за два човечки животи кои беа загрозени“, вели Николина.

Николина и нејзиното семејство се сместени во хотел, бидејќи веќе не се осмелуваат да влезат во станот.

Се сомневам дека некогаш повторно ќе се вратам таму. Премногу лоши работи се случија таму во последно време“, рече Николина.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.