Сосема неочекувана одлука на Душко Тошиќ: Јелена Карлеуша морала веднаш да реагира
Гром од ведро небо!
Во бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ никогаш не е монотоно. Многу се пишува за односот на пејачката и фудбалерот, а сега одлуката на Тошиќ, по првичното изненадување, предизвика тотален шок.
Имено, популарниот фудбалер дефинитивно не дава никакви назнаки за промените во својот живот. Освен што е воздржан кон медиумите, и неговите објави на социјалните мрежи не откриваат многу…
Душко првобитно донесе одлука по две и пол успешни години поминати во кинескиот Гнанџоу Р&Ф, да го напушти овој клуб, а јавноста шпекулираше за тоа кад ќе ја продолжи кариерата. Иако се пишуваше дека потпишал за Црвена звезда, Тошиќ сепак стана нов член на Касимпаша, како што открива овој турски клуб.
View this post on Instagram
По повод оваа одлука се огласи и неговата сопруга Јелена, која му го честита професионалниот ангажман истакнувајќи дека Турција е земјата што тој посебно ја сака и почитува.
Инаку, Душко во 2015 година потпиша договор на три години за Бешикташ, а и Јелена често престојуваше во Истанбул.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм