Пробајте ги и нема да зажалите!
Ако практикувате слатка ужина со кафе или чај, парче домашен колач или торта е одличен избор.
Состојки:
- 185 г путер
- 185 г чоколадо за готвење
- 85 г брашно
- 40 г какао
- 3 јајца
- 280 г шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 100 г млечно чоколадо
- 75 г плазма-бисквити
Приготвување:
- Во тенџере се мешаат искршеното чоколадо за готвење и путерот, па се загреваат на умерена температура, со непрекинато мешање, додека се растопат и поврзат состојките. Се остава смесата да се олади.
- Посебно се соединуваат јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па се мати со миксер додека се удвои и посветли смесата.
- Постепено се додава оладената смеса од чоколадо и путер, со непрекинато матење со миксер.
- Се мешаат брашното и какаото, па се додаваат во смесата за пандишпанот.
- Помал плех се обложува со хартија за печење и во него се става приготвената смеса. Млечното чоколадо и бисквитите се сечкаат на коцки, па се посипуваат преку смесата во плехот. Со шпатула состојките се втиснуваат во смесата.
- Се пече во загреана рерна на 180°С, околу 30 минути.
Текст и фото: „Добра храна“