Сосема нов тренд што ги воодушеви жените од целиот свет (ФОТО)

Јакни, кошули, панталони и фустани во облик на меур се еден од најпопуларните трендови за есен/зима 2020, кој асоцира на нешто комфорно, удобно и топло

Во согласност со колективната анксиозност што владее од почетокот на 2020 година, а која ја предизвика пандемијата на коронавирусот, облеката за претстојните денови е голема, широка, комотна и потсетува на перница или ќебе.

Се’ е пренапумпано – и ракавите, и ногавиците, и фустаните што изгледаат какобалони. Се нозат предимензионирани капути во кои главно е да ни биде удобно и топло, а ако баш сакате да ја истакнете витата става, ставете ремен.

AP Photo/Michel Euler

Балон-фустаните најчесто се потесни во горниот дел, а почнуваат да се шират од половината, па се создава впечаток на облини и кај исклучително слаби девојки. Исто е и со фармерките со висок појас и истакната половина, ногавиците се шират од под задникот и се стеснуваат на крајот, па добро ѝ прилегаат на секоја градба.

Photo by Vianney Le Caer/Invision/AP AP Photo/Antonio Calanni

Панталоните или фармерките е најдобро да се комбинираат со кошула или блуза со предимензионирани паф-ракави, а иако балон-кројот е карактеристичен за летните парчиња, голем број модни куќи покажаа дека одлично одговара и за зимската гардероба, првенствено за јакните и капутите, кои сега можат да се најдат во секоја продавница, во различни бои и дезени.

Фото: AP Photo

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.