НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП за периодот од 16.11. до 21.11.2020

Астролошки предвидувања

Дознајте каква недела ви претстои и навреме „вооружете се“ со се’ што ви е потребно за да ги совладате пречките и проблемите и да стасате до целта.

ОВЕН

21.3. – 20.4.

Во врските ќе владее нерамнотежа, бидејќи едниот од партнерите своето време ќе го организира без да се договара со другиот. Слободните ќе стагнираат. Финансиската добивка ќе ви даде крилја. Контролирајте го притисокот.

БИК

21.4.-20.5.

Внимавајте како комуницирате, особено на работа. Доколку сте зафатени, на површината ќе испливаат старите нерешени теми. На слободните бикови ќе им се јави старата љубов. Здравјето ви е стабилно.

БЛИЗНАЦИ

21.5. – 21.6.

Емотивните врски ќе ги обележат недоразбирања. Слободните ќе добијат понуда за обновување на стара љубов. Малку ќе ве збунат настаните на работното место, но благодарение на вашата флексибилност ќе успеете сосема солидно да се снајдете. Забоболка.

РАК

22.6. – 22.7.

Мали но чести расправии ќе ви ја нарушат хармонијата во врската. Слободните конечно ќе сретнат сродна душа. Стравот од неуспех ќе резултира со нервоза. Можни се гинеколошки проблеми кај дамите.

ЛАВ

23.7. – 23.8.

Додека зафатените уживаат во љубовта и во вниманието на партнерот, на слободните им се смешка возбудлива романса. Отсуството на мотивација во работата би можело да се одрази врз вашата положба. Можни се алергиски реакции.

ДЕВИЦА

24.8. – 23.9.

Љубомората би можела да предизвика проблеми во емотивните врски. Слободните ќе добијат интересна понуда. Ќе ви се укажат некои нови деловни можности, за кои сериозно ќе размислувате. Во добра форма сте.

ТЕРЕЗИЈА

24.9. – 23.10.

Слободните ќе запознаат некој нов тогаш кога најмалку ќе се надеваат, додека до крајот на месецот емотивните врски ќе паднат во криза. Финансиската ситуација ќе ви создава грижи. Можни се ревматски тегоби.

СКОРПИЈА

24.10. – 22.11.

Во врските ќе дојде до мало заладување, но ситуацијата ќе се стабилизира до крајот на месецот. Слободните ќе почнат нова врска. Новите деловни понуди ќе ве изненадат непријатно. Можни се главоболки.

СТРЕЛЕЦ

23.11. – 21.12.

Ви претстои пократко патување со партнерот. Слободните ќе бидат без сериозни понуди и шанси. Ќе бидете исклучени од важен деловен проект, што ќе предизвика напнатост во комуникацијата со надредените. Проблеми со синусите.

ЈАРЕЦ

22.12. – 20.1.

Разликите помеѓу партнерите ќе испливаат на површина. Слободните ќе бидат расположени за дружење. Ќе се обидете да најдете соодветна деловна позиција за себе, но некој колега ќе се обиде да ве закочи. Несоница.

ВОДОЛИЈА

21.1. – 19.2.

Честите судири би можеле да бидат сериозна закана за вашата врска. Слободните ќе имаат повеќе додворувачи. Од ден на ден ќе ги менувате своите деловни планови и ќе правите драматични пресврти. Честа премаленост.

РИБИ

20.2. – 20.3.

Емотивните врски ќе функционираат солидно. Слободните ќе имаат неколку понуди. Нема најдобро да се снајдете во новите деловни ситуации, па поголемиот дел од проектите ќе мора да го пренесете во следниот период. Премаленост.

Текст: Наташа Човиновска за „Убавина и здравје“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.