Овие панталони ќе бидат апсолутен хит оваа есен и зима: Топло, удобно и елегантно!
За сите можни пригоди!
Панталони со едноставен крој и сестран карактер
Постојат неколку модни парчиња без кои не можеме да ја замислиме својата гардероба, без оглед на сезоната во која се наоѓаме и трендовите што владеат.
Покрај класичната кошула, малиот црн фустан и омилените фармерки, меѓу ултимативните модни фаворити се истакнува и парот совршени панталони со едноставен крој и сестран карактер.
По владеењето на трендовските фустани и здолништа, кои во еден момент го преземаа главниот збор во женските плакари, последниве неколку години панталоните се вратија меѓу фаворитите во секоја модна колекција и гардероба како едно од најсестраните модни парчиња.
https://www.instagram.com/p/CGJ8bJihrrA/?utm_source=ig_embed
И додека секоја нова сезона претставува нови фаворити, тајната на овој модел панталони лежи во едноставните кроеви и класичните модели. За да создадат модерно издание на омилениот модел со едноставен крој, модните брендови и дизајнери го надополнија со бои, дезени и детали кои му даваат ефектен изглед и современ карактер.
https://www.instagram.com/p/CGkd4LdjZGi/?utm_source=ig_embed
За да ги создадат совршените панталони за есенските и зимските денови што ни претстојат, модните брендови и дизајнери оваа година им додадоа дополнителна доза удобност која совршено одговара на „новото нормално“ во кое поголемиот дел од времето го поминуваме дома.
https://www.instagram.com/p/CGTK12VFnd9/?utm_source=ig_embed
Кај најпожелните модели што ќе ги носиме оваа есен, но и зима, се истакнуваат широки ногавици, пријатни и топли материјали и еластичен струк. Покрај удобноста што им ја носат тие елементи, есенските панталони ги краси и доза класична елеганција.
Тој неодолив спој на удобност и елеганција ќе ги издвои како совршен избор за дневен, вечерен, лежерен и деловен стајлинг.