Истражување открива: Овие се јасни знаци дека некој флертува со вас

Фото: Pexels

Многу луѓе би рекле дека насмевката е универзален знак на флерт. Но, од друга страна, многумина од нас не можат да разликуваат пријателски насмевки од јасни сигнали за заведување и флерт.

Како тогаш да ги препознаеме и како да знаеме дали навистина му се допаѓаме на некој или за нив сме само симпатични како пријатели? Во такви дилеми, секогаш е најдобро да се праша науката. Иако има малку научни истражувања кога станува збор за флерт, неодамнешното истражување спроведено на Универзитетот во Канзас ќе ни помогне да одговориме на ова прашање. Имено, ова истражување покажа дека можеме да препознаеме четири јасни знаци во флертувањето.

4 јасни знаци на флерт

Тимот научници го засноваа ова истражување на студија за микроекспресиите на лицето, односно системот за кодирање на движењето на лицето (FACS). Според овој систем, има 23 различни движења на лицето придружени со одредени емоции. Целта беше да се заклучи кои се јасните знаци на флерт кај жените. За да дојдат до одговор, научниците направиле 500 фотографии од жени со неутрални, среќни, тажни и заводливи изрази на лицето. Изразите потоа беа декодирани со употреба на тактики FACS и фотографиите им беа дадени на машки субјекти да го сторат истото. По прегледот, тие дојдоа до заклучок дека постојат четири фактори кои укажуваат на флерт кај луѓето:

  • Вртење на главата на едната страна
  • Малку навалена брада надолу
  • Блага насмевка
  • Долг поглед насочен кон личноста со која флертува.

Она што беше интересно за научниците е дека испитаниците разликуваат пријателска и весела насмевка од онаа поврзана со флертувањето. Исто така, голем број испитаници ја поврзаа оваа насмевка со сексот. „За прв пат, успеавме да ги идентификуваме изразите на лицето што претставуваат флерт. Но, освен тоа, успеавме да ги поврземе со она што доаѓа после тоа, а тоа е интимноста. Ова е многу голем чекор за нас“, изјави авторот на студијата Омри Гилат. Затоа, ако не сте сигурни дали некој само сака да ви биде пријател или нешто повеќе од тоа, добро проучете ги наведените знаци.

Прочитајте и: На Истокот се верува дека ова никогаш не смеете да му го простите на мажот: Тоа е патот до пеколот!

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.