Ова се шесте најглупави хороскопски знаци!

Без лутење!

Дали сте на списокот?

Астрологијата досега ни има откриено многу работи за хороскопските знаци – какви ни се карактерните црти, кој има добра душа, кој е најубав, најпаметен… Но дали некогаш сте се запрашале што вели астрологијата на тема кој е најмалку паметниот хороскопски знак?

Еве го одговорот и на тоа прашање – без лутење!

1. Рак

Раковите се нашле на оваа листа поради нивната хиперсензибилност. Претераните реакции на ситуациите што се случуваат околу нив придонесуваат за тоа луѓето да не ги сметаат за многу интелигентни луѓе кои донесуваат логични и паметни одлуки.

Овој хороскопски знак донесува одлуки и реагира пред да ги дознае сите факти и добро да размисли, затоа што ги следи своите емоции, а не фактите и знаењето. Колку за утеха, Ракот спаѓа меѓу најсреќните знаци и зазема една од водечките позиции кога станува збор за емоционалната интелигенција, инстинкт и меморија.

2. Стрелец

Луѓето родени во знакот Стрелец се многу неодлучни и не знаат да се покажат кога треба да се изборат за себе. Поради тоа, луѓето не ги сметаат за интелигентни.

Од друга страна, Стрелците се први кога треба да се согледа пошироката слика и можат да видат перспективи што на другите им се невидливи, но најважните детали секогаш ги пропуштаат и затоа се нашле на оваа неславна листа.

3. Овен

Кога станува збор за интелигенција, Овните се потполна мистерија. Тие знаат да покажат и неверојатна интелигенција и крајна глупавост. Нивната наивност ги прави симпатични, но неспособноста сериозно да ги сфатат работите не ги прави баш интелигентни. Астрологијата вели дека на Овните им недостига емоционална интелигенција за да ги разберат другите и токму затоа сè сфаќаат наивно.

Поради својата импулсивност, Овните изгледаат како возбудливи и ексцентрични личности, но факт е дека им недостига талент за правилно расудување, па лошите одлуки и погрешните заклучоци ги следат каде и да одат.

4. Терезија

Терезиите на прв поглед изгледаат многу интелигентно, но нивната интелигенција најчесто се сведува на нивната способност да манипулираат со другите и тоа благодарение на нивната вродена способност да ги разберат човечките емоции. Терезијата тежнее кон совршенство и ќе оди до граница на глупавост за да ја постигне. Поради тоа, Терезиите можат да профитираат од лошите ситуации и околности – тие се борат за себе додека другите се обидуваат да најдат решение.

Овој знак е познат и по способноста да ја балансира ситуацијата и да ги реши конфликтите, но за да постигне (привиден) мир често користи трикови и измами. Она што исто така ги сместило на оваа листа е нивната неодлучност. Терезијата не сака никогаш да донесе лоша одлука, бидејќи е перфекционист во сè. Ако сепак се случи тоа, ќе се кае многу долго и никогаш нема да го заборави.

5. Лав

Лавовите се полни со самодоверба и многу се егоцентрични, па одат до екстремни граници за да бидат над сите други. Токму тоа ги сместува на листата на најмалку интелигентни хороскопски знаци. Лавот ќе се обиде да направи сè што може за да го привлече туѓото внимание и восхит, а додека стигне до тоа, задолжително прави многу глупави работи.

Освен тоа, Лавовите долго остануваат деца во душа и знаат и во зрелите години да се однесуваат токму така, како деца, и да прават многу глупави работи кои на деца може да им се простат, но не и на возрасни. За нивна среќа, честопати можат да ги убедат другите дека се екстремно интелигентни и полни со знаење, но тоа обично трае додека некој ги запознае добро.

6. Бик

Астрологијата ги опишува Биковите како будалести личности, поради нивното превисоко мислење за самите себе. Кога се одбиени за што било, Биковите го сфаќаат тоа многу лично. И најмалиот чекор назад, неуспех или критика, потполно ги исфрла од колосек, што ја нервира нивната околина, бидејќи за повеќето луѓе ваквото однесување е потполно бесмислено. Често изгледаат збунети и од најобични ситници, поради што луѓето не ги сметаат за интелигентни.

Додека Бикот може да одлично да ги разбере добро објаснетите работи, честопати му недостига имагинација и апстрактно размислување. Можат да го направат тоа што ќе им се каже, но не знаат да остават свој личен печат или трага. Поради тоа и се наоѓаат на оваа неславна листа.

Жените родени во овие 3 хороскопски знаци се најмудри: Дали сте меѓу нив?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.