Зошто во секој дом треба да има една црвена, розова и виолетова мушкатла: Неверојатно!
Еден од најубавите цветови
Виолетовите секогаш чувајте ги во дневна соба – таму каде што има најмногу светлина
Секое цвеќе има посебна симболика, а мушкатлите дефинитивно се симбол на радост и убавина.
Се верува дека црвената мушкатла привлекува добра чи-енергија во домот и убави вести, додека розовата мушкатла е магнет за хармонични односи во домот и среќа во љубовта.
За напредок во работата, во работната просторија или во канцеларијата ставете црвена мушкатла. Се верува дека привлекува моќ, продуктивност и напредок.
Виолетовата мушкатла е симбол на изобилство, добро здравје и пари и се препорачува да ја чувате на прозорец или на балкон и во трпезарија.
Мушкатлите сакаат светлина и утринско сонце, но не и директни сончеви зраци во текот на целиот ден.
Се одгледуваат на температури од 10 до 27 степени, а во текот на летните горештини треба навечер да ги прскате со вода. Полевањето мора да биде редовно, но умерено.
Мушкатлите цутат од крајот на пролетта, преку цело лето, а понекогаш дури и наесен ако вечерите се топли и пријатни.