Ако сте родени на овој датум, предодредени сте за големи нешта: Испратени сте на овој свет со посебна мисија!

Астрологија

Постојат одредени броеви кои имаат посебна улога, тврдат нумеролозите

Ако во вашиот датум на раѓање има некој од овие броеви, астролозите велат дека сте испратени на овој свет со посебна мисија. Вие сте поинакви, посебни и предодредени за постигнување големи нешта.

Постојат одредени броеви во датумот на раѓање кои имаат посебна улога. Станува збор за специфичните броеви: 11, 22, 10, 20 и 20.

11 – учител, визионер, миротворец

Единаесетката тежнее кон тоа да ја урамнотежи женската и машката енергија и така да постигне рамнотежа. За тоа потребни се сила, нежност и интегритет, а ако го имате овој број во датумот на раѓање, тогаш вие го поседувате сето тоа.

Имате изразена интуиција, но не се потпирате често на неа. Родени сте со голем потенцијал да направите нешто навистина големо и тоа особено во полето на психологијата. Луѓето ви веруваат, внимателно ве слушаат и сериозно ги сфаќаат вашите совети. Имате големо влијание врз луѓето во околината и би требало да го искористите тоа.

22 – големи градители

Тие што го имаат бројот 22 во својот датум на раѓање се свесни за себе и за своите можности. Даваат сѐ од себе за да го остварат тоа што ќе го зацртаат и лесно ги надминуваат препреките.

Нивните комуникациски вештини се на високо ниво. Многу добро знаат како да ги убедат луѓето околу себе во нивните тврдења. Најдобро би било да се занимавате со некоја медиумска работа, бидејќи најуспешни ќе бидете на тоа поле.

Нула во бројот

Нулата во датумот на раѓање означува време за забрзано растење. Луѓето што имаат нула во датумот на раѓање се силни, упорни и истрајни. Тоа што ќе го наумат, тоа и ќе го остварат.

Наталниот хороскоп го одредува животот: Од овој број ви зависи судбината!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.