5 животни навики што ќе ви помогнат да имате потесен струк и помалку маснотии

Секојдневните навики се многу важни кога станува збор за физичкиот изглед и здравјето. Затоа, навистина не е ни чудо што покрај храната, постојат и многу други навики кои предизвикуваат масни наслаги околу половината.

Подолу ќе најдете научно засновани предлози кои, ако ги следите, можат да помогнат во намалување и зајакнување на областа околу струкот.

Спијте доволно

Докажано е дека луѓето кои спијат шест часа имаат повеќе масни наслаги отколку луѓето кои спијат само два часа повеќе, односно осум часа. Се прашувате зошто? Бидејќи тие го надополнуваат недостатокот на сон со јадење непотребна храна. Докажано е дека само една нарушена ноќ на сон ја намалува чувствителноста на инсулин, што на крајот доведува до зголемување на телесната тежина и акумулација на маснотии. Во крајна линија е дека доволно спиење навистина може да помогне при одржување и слабеење. Започнете со тоа.

Не јадете доцна

Истражувањата покажаа дека би било совршено ако последниот оброк е во 19 часот и ако појадокот не се јаде после 8 часот. Она што експертите понатаму го потенцираат е редоследот на јадење. Најдобро би било ако прво јадете зеленчук и протеини, а потоа внесете јаглехидрати.

Движете се

Вишокот маснотии во стомакот е почест кај луѓето кои имаат канцелариска работа. Но, опасноста од метаболички промени може да се избегне со редовно вежбање. Едно истражување открило дека луѓето кои седат 9 часа на ден можат целосно да ја избегнат опасноста од метаболички промени доколку направат 15.000 чекори на ден. Исто така, самото стоење на работа може да помогне во намалувањето на масните наслаги.

Изберете интервален тренинг со висок интензитет 

Маснотиите што се формираат околу половината и стомакот се разликуваат малку од мастите на другите делови од телото, а за да ги изгубите треба да направите одредени вежби. Само стомачни, склекови или чучњеви нема да го растворат вишокот маснотии во областа, но неопходно е да се направи интервален тренинг со висок интензитет, кој вклучува повеќе мускулни групи.

Направете ментално ресетирање

Зголемувањето на стресот го зголемува нивото на кортизол во нашето тело, а тоа доведува до активирање на ензими кои придонесуваат за акумулација на маснотии во абдоминалната област. За да се избегне постојана појава на стрес, потребно е редовно „ресетирање“. Може да биде вклучување во разни хобија, смирувачки техники на дишење, вежбање, запишување мисли, медитација, водење дневник и слично.

Прочитајте и: Како трчањето да помине без воспаленија и грчеви?

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.