Иако секојдневно вежба, сепак не е совршена: Џенифер Лопез во костим за капење што не можел да ги скрие недостатоците!

Се опуштила

Пејачката е на летување во Турција со свршеникот Алекс Родригез

Џенифер Лопез (51) често се фали дека минува со часови во вежбалница, обидувајќи се да го доведе своето тело во ред.

Позната по истакнатиот задник и цврстите нозе, пејачката секогаш во прв план на настапите го истакнува токму овој дел од телото.

Меѓутоа, деновиве папараците ја фотографирале во Турција на плажа каде што се одмора со свршеникот Алекс Родригез.

Сепак, овој пат изгледа одбрала костим за капење што не ѝ го прикажува телото во најдобро светло – напротив, ги нагласил нејзините недостатоци.

Во секој случај, несомнено е тоа дека Џенифер Лопез изгледа толку добро во 50-та година што и двојно помлади девојки би можеле да ѝ позавидат!

Џенифер Лопез вака изгледа на 51 година: Доказ дека се може ако се сака (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.