Антиканцерогена СУПА ОД БАДЕМ

Пробајте го ова јадење со необичен вкус, карактеристично за Ориентот. Исклучително е лековито, бидејќи спречува развој на рак, односно го блокира растот на „лошите“ деформирани клетки, само мора да се води сметка за дозата

Бадемите обично се користат за колачи или како корисна здрава закуска. А јас од нив правам одлична крем-супа. Сите во моето семејство се воодушевени од неа! Значи, овој рецепт им е посветен на љубителите на јаткасти плодови… Сомелете 100 г бадеми во блендер – да добиете брашно. Ставете половина литар вода на шпоретот и, кога ќе зоврие, полека ставајте го бадемовото брашно, постојано мешајќи. Ќе добиете супа со конзистентност на густа павлака. Тргнете ја од шпоретот и додајте сол по желба. Можете да ја сервирате и топла и ладна, украсена со сечкан зеленчук. Израдувајте се себеси и своето семејство со ова оригинално и корисно јадење!

Ангелина Сенковска, Кабаровск

Коментира диетологот Наталија Алексеевна Косарјова (Астрахан)

Оваа ориентална (поточно, турска) супа има многу необичен вкус. Патем, како додаток можете да користите суви коцки леб. Лековитото дејство на ова јадење е во следното: јаткастите плодови имаат антиканцерогено својство, поточно го спречуваат развојот на „лошите“ деформирани клетки. Плус, бадемот суштински ја подобрува размената на материите, што претставува добра превенција од развој на канцероген тумор на дебелото црево.

Покрај тоа, ова јадење полни со енергија за цел ден. Стручњаците уште препорачуваат и со помош на бадем да ги чистиме крвните садови од штетните наслаги. Се верува дека неговите мононезаситени маснотии го намалуваат нивото на холестерол во крвта, спречувајќи развој на атеросклероза.

Дневната норма е 20 г (приближно 15 јатки). За подобра апсорпција, бадемите прекуноќ треба да се потопат во вода, а потоа да се исчистат од лушпата. Изберете сурови, непечени и несолени плодови.

! Контраиндикации: индивидуална нетолерантност

ЗАНИМЛИВОСТ

Малкумина знаат дека вкусното слатко марципан (бадемово брашно) е измислено како седатив. Па, сепак, во текот на тешките години, кога пченицата била скапо задоволство, бадемот останал единствениот производ што бил погоден за печење леб.

ПОВЕЌЕ РЕЦЕПТИ ПРОЧИТАЈТЕ ВО НОВИОТ БРОЈ НА РУСКИ ДОКТОР

фото:Гети

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.