Ѕирнете во вилата на плажа која е во сопственост на Џенифер Лопез и Алекс Родригез!
Куќа за одмор од соништата
Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез имаат неколку недвижнини низ САД, а поради својата прекрасна локација, особено се истакнува оној во Малибу, кој популарната двојка неодамна одлучи да го продаде.
Луксузната вила на три кат се наоѓа на песочна плажа покрај Тихиот Океан, а се простира на 400 квадратни метри. Има 5 спални соби, 5 тоалети и домашно кино, а благодарение на големите прозорци од секој дел од домот се протега спектакуларен поглед кон околината.