Една чашка дневно лекува аритмија и ангина пекторис: Оваа народна напивка е спас за оние со срцеви проблеми!

Народна медицина

Кога ќе почувствувате непријатност, како прескокнување на срцето, бодежи и болки во градите, користете го овој народен лек

Стресот е еден од најголемите причинители на срцеви заболувања. Современиот живот ни диктира забрзано темпо исполнето со стрес, а во целата таа трка срцето најмногу страда. Овој народен еликсир може да ја ублажи аритмијата и да ги намали болките предизвикани од ангина пекторис.

За приготвување ќе ви треба:
  • 10 свежи стебленца магдонос (без корен)
  • 1 л домашно црно вино
  • 2 лажици вински оцет
  • 300 г природен мед
Приготвување:

Ставете ги десетте свежи стебленца магдонос заедно со листовите во литар чисто природно вино и додајте 1-2 супени лажици чист вински оцет, па загревајте го 10 минути на тивок оган.

Потоа, додајте 300 г вистински пчелин мед и оставете го полека да се вари уште четири минути. Врелото вино исцедете го и ставете го во шишиња претходно измиени со силен алкохол.

Талогот што се создава не е штетен и слободно може да се пие.

Примена:

Напивката се користи секојдневно, по 1 супена лажица додека престанат тегобите. За потешки болести треба да се користи подолг временски период.

Напоменуваме дека пред употреба на кој било народен лек, најдобро е да се консултирате со доктор.

Народен лек: Оваа напивка целосно го прочистува црниот дроб од насобраните токсини!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.