Десертот што ви ги претставуваме, а кој неодоливо потсетува на оној што го приготвуваа нашите баби и мајки, е совршен избор доколку посакате да ги израдувате најмилите, но и кога ќе ви „падне“ шеќерот. Уживајте!
Состојки:
1+1/2 шолја брашно
1 лажиче прашок за печење
1 лажиче сода бикарбона
170 г путер
¾ шолја шеќер
1 големо јајце + 1 жолчка
¾ шолја павлака
1 ванилин шеќер
1+1/4 шолја капини
1 гранче свеж рузмарин
½ шолја ливчиња од бадеми
Приготвување:
Помешајте ги брашното, прашокот за печиво и содата бикарбона и оставете ги настрана.
Изматете ги путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер во пенеста смеса, па додајте ги и јајцата и добро изматете.
Мешајќи, постепено додавајте ја павлаката, а потоа мешавината од брашно додека добиете сосема компактна смеса.
Додајте го и ситно сечканиот рузмарин и добро промешајте.
Сипете ја изматената смеса во подмачкан плех, одозгора наредете ги капините и печете во рерна на 170 степени десетина минути.
Извадете го колачот од рерната, посипете го со ливчиња бадеми и вратете го во рерната да се допече.
Текст и фото: Убавина и здравје