Брзо, лесно и неверојатно здраво!
Состојки:
- варен грашок
- брокула и карфиол
- рендани свежи моркови
- валеријана, рокула или друга зелена салата
Прелив:
- масло од тиква
- семки од тиква
- ким
- коријандер
- сок од половина лимон
- сол и бибер по желба
Приготвување:
Прво ставете го преливот во теглата, а потоа наредете го зеленчукот од најтешката состојка до најлесната. Затворете ја теглата со капак и оставете во фрижидер. Кога служите, протресете ги/ промешајте ги сите состојки за преливот да се помеша со зеленчукот.
Предлог за главно јадење: Потпечени тиквички со јајца и со сирење: Наједноставен и највкусен оброк!
ФОТО: Getty Images