3 најопасни секс-пози – за мажи…

Бидете внимателни

Тим научници ги испитувале поопасните пози во сексот што можат да предизвикаат скршен пенис.

Интересно е што не станува збор за никакви акробации и невообичаени сексуални пози или позиции за кои не сме ни чуле, туку за три многу секојдневни пози. Можеби тоа е работата – поради честото практикување се случуваат повеќе повреди?

Во состојба на возбуда и страст, можно е да се скрши пенисот на мажот – предизвикувајќи траума и многу страшна болка. Всушност, вообичаена заблуда за која многумина веруваат е претпоставка дека пенисот е толку цврст, но и еластичен (и нема коска!) што не може да се скрши. Ова е неточно, но сепак може да се чувствува „скршено“, особено ако удри во карлицата на жената за време на интензивен секс.

Ова се најопасните пози во сексот: 

Кучешки стил

За оваа студија, научниците испитале 90 мажи на возраст од 18 до 66 години со фрактура на пенисот. Тие проучувале разни положби и механизми на повреди, вклучително и мастурбација или манипулација со пенис, мисионерска поза, кучешки стил и „жена горе“ за време на сексот. Изненадувачки, „позицијата на кучиња“ беше на врвот на листата, со 41% од скршеници на пенисот. Ух! Кој би го помислил тоа?!

Мисионерска

Верувале или не, мисионерската позиција го завзема второто место, иако можеби не е толку комплицирана како и другите позиции каде што треба да се биде како гумена жена. Сепак, излегува дека може да биде доста ризично ако не сте внимателни. Научниците забележаа дека и „кучешки стил” и мисионерска поза „имаат повеќе врска со двојни кавернозни фрактури на телото и уретрални лезии отколку „жената горе “. Во основа, постои поголема можност овие две позиции да направат штета.

Јавачка

Позицијата на јавачка или „жена горе“ влезе во листата како трета најопасна сексуална позиција. Авторите на студијата рекоа: „Не забележуваме разлика помеѓу сериозноста на фрактура на пенисот во „кучешки стил“ и „жена горе“, но „положбата на кучиња“ имаше поголема сериозност на фрактура на пенисот во споредба со „жена горе“.

Прочитајте и: Што откриваат нашите сексуални фантазии за нас?

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.