Потпечени тиквички со јајца и со сирење: Наједноставен и највкусен оброк!

Прсти да излижете

Кога немате време и идеја што да приготвите за ручек или вечер, овој рецепт е совршен

Состојки (за 1 лице):
  • 1 тиквичка со средна големина
  • 1 јајце
  • 100 г младо немасно сирење
  • 0,5 дл јогурт
  • 2 лажички маслиново масло
  • лук
Приготвување:
  • Најпрво, маринирајте ги тиквичките. Исечете ги на кругови, коцки, како сакате.
  • Посипете ги со сув зачин или само ставете сол и бибер по желба.
  • Додајте изрендан лук, само малку за вкус.
  • Сето тоа добро измешајте го и оставете го да отстои околу 15 минути, за тиквичките да ја испуштат водата, па исцедете ги од вишокот течност.
  • Во плех ставете хартија за печење, а јајцата изматете ги со јогурт и масло.
  • Сипете ја смесата во плехот, додајте ги маринираните тиквички и врз нив издробете сирење.
  • Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови додека се потпечат.
  • Можете да посипете супена лажица пармезан пред печењето.
Полнети тиквички на италијански начин: Летен специјалитет, готов за половина час!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.