Кога тие зборуваат, ние слушаме: Неколку стилски лекции од најинтересните жени на светот!
Тие се неверојатни!
Тие се паметни, убави, полни со животни искуства – овие шик дами се витински доказ дека староста е нешто тривијално
Погледнете ги модните инспирации од жените како кои сакаме да созреваме, како со стилот така и со енергијата што ја носат…
Силниот колорит е резервиран за силните жени од сите генерации
Хелен Мирен – британска актерка и филантроп.
Впечатливите модни додатоци се клучот за безвременски стил
Ајрис Апфел – дизајнерка на ентериер, филантроп и модна инфлуенсерка.
Добро скроениот костум е модно правило број 1
Џејн Фонда – актерка, активистка и филантроп
Шеширот како основа на женскиот стил
Јоко Оно – уметница и филантроп.
Квалитетно парче џинс, бидејќи младоста е состојба на духот
Дајан Китон – актерка и филантроп.
Стилската лежерност и тоа како може да биде отмена
Лорен Хатон – моделка и актерка.
Стилот како уметност на комбинирање и спојување на неспојливото
Маја Маск – моделка и нутриционистка
Црно-белата комбинација е одмерена и непогрешлива
Каролина Херера – модна дизајнерка и филантроп.