Кетрин Зита-Џонс никогаш нема да го заборави доделувањето на „оскарите“ во 2003: Еве што направи со стомак до заби! (ВИДЕО)

Незаборавно!

Додека чекала кранот да ја подигне на бината, сфатила дека ја делат само 10 дена од породувањето

Во видеото што го снимила за „Вог“, Кетрин Зита-Џонс (50) се потсетила на своите изданија од 1987 година до денес, и филмовите што ги снимила во тоа време. Сепак, во најубаво сеќавање ѝ останало доделувањето на најпознатите филмски награди, на кое настапила само десет денес пред да ја роди ќерката Керис.

Во таа пригода открила интересен детаљ од доделувањето на „оскарите“ во 2003 година. Како што кажала, цело време се подготвувала за настап со раперката Квин Латифа, бидејќи на доделувањето отпеале песна од мјузиклот „Чикаго“, за што актерката беше и наградена со златна статуетка.

Пред да излезат на сцена, актерката сфатила дека ја делат само десет дена од породувањето.

Присетувајќи се на тој настап, како и на кранот што ги подигнал неа и Латифа на сцена, Кетрин кажала:

„Се сеќавам дека поминавме низ таа врата и додека кранот нѐ подигнуваше на бината, сфатив дека терминот за породување ми е за десет дена, а јас стојам на тој кран и чекам да ме подигнат.“

Зборувајќи за својот фустан што го носела за доделувањето на „оскарите“, Кетрин додала:

„Понесена од сета таа среќа што сум бремена, но и номинирана за ’оскар’, Донатела ми направи прекрасен свилен фустан кој беше совршен – разигран и удобен и во кој без проблем можев да седам на толку долга церемонија. Врвот на сето тоа беше што дома си понесов и ’златен дечко’ (Оскар)“

Погледнете го и видеото од овој незаборавен момент…

Кралица на стилот – Најдобрите и највпечатливи модни комбинации на Кетрин Зета Џонс (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.