Прослава во домот на Сека Алексиќ: Зборови што ќе ви го растопат срцето (ФОТО)
Емотивно
Сека Алексиќ на својот инстаграм-профил му посака среќен роднеден на својот сопруг Вељко Пиљикиќ, со фотографија на која ги држи нивните синови Јаков и Јован, облечени во маички на кои пишува:
Тато, среќен роденден!“
Во описот на фотографиите, популарната фолк-пејачка напиша и посебна порака за сопругот, која ви ја пренесуваме во целост.
Го славиме денот кога е роден тој од нашите редови, кој со целото срце ни припаѓа нам – ќе речат ангелите… Го славиме денот кога е роден нашиот јунак, нашиот херој, најсилниот човек на светот, нашиот голем џин, супермен, семоќен човек – ќе ти кажат Јован и Јаков. Го славам денот што сам по себе е значаен и свечен, и ќе го оставам да се развива како платно, да тече слободен како река и да ти го донесе сето она што ти го посакува моето срце. Овој ден нека ти биде како и оној за време на твоето раѓање – збир мигови вредни за живеење и за паметење. Какво ли е тоа чудо Вељко, ти посакувам на луѓето да им бидеш тој поради кој, кога ќе те запознаат, наеднаш им е исклучително важен овој датум поради сите особености на твоето битие… Бидејќи само на таквите луѓе им го паметиме датумот на раѓање и се веселиме како да е наш. Биди добар и биди ми добро, а преостанатото го дава Господ, без да праша, додека ја става својата рака на твоето срце и ти шепнува: ‘Тука сум’. Ние тројца, како и секогаш, ќе ти кажуваме: твојот живот е дар од Бога и треба да го славиш секој ден. Овој ни е најмил во срцето, бидејќи не’ потсетува колку е голем Господ кога ми те дал: мене за сопруг, ним за татко, на сите за заштитник и светилник меѓу карпите во морето на животот. Среќен роднеден ти посакуваат твоето девојче и твоите момчиња“, пишува во емотивната порака.
Фото: Инстаграм