По напуштањето на кралското семејство, Меган Маркл држи феминистички говори
Рамо до рамо со Хилари Клинтон и Мишел Обама
Откако се повлекоа од кралските должности и останаа без свите благороднички титули, Меган Маркл и принц Хари почнаа со држење мотивирачки говори, па така поранешната војвотка од Сасекс присуствуваше на виртуелниот самит „Грл ап лидершип“ под покровителство на ООН.
Таа одржа мотивирачки говор, посветен на феминизмот, пренесува таблоидот „Експрес“.
На Меган, кога била член на британското кралско семејство, не ѝ било дозволено да се приклучи на организации како што е ООН, но затоа сега го кажува јавно својот став. Сега со големо задоволство ја прифатила поканата да учествува на мотивациската конференција за млади жени.
Таа се појави како еден од официјалните говорници, заедно со Мишел Обама, Хилари Клинтон и пријателката Пријанка Чопра.
Сите што се во позиција на моќ, од владеењето на правото до светските лидери, сите овие луѓе зависат од вас повеќе отколку што некогаш вие ќе зависите од нив. И запомнете, тие го знаат тоа многу добро“, рече Маркл.
Таа ги охрабри младите преку својот страствен говор, а потоа заклучи дека клучот за успехот секогаш е сочувството, а не насилството.
Фото: Инстаграм, Getty Images