Марија Шерифовиќ му помогна на комшијата да ја запроси девојка си (ВИДЕО)

Мара Купидон...

Милош од Белград сакал да ја запроси својата сакана Кристина на уникатен и незаборавен начин и дефинитивно успеал во тоа.

За неа поставил куп црвени балони во форма на срце, запалил свеќички и направил неверојатна атмосфера во неговиот дом, каде што ја поканил својата сосетка од зградата, Марија Шерифовиќ, да ја изненади Кристина со песна, во мигот кога ќе ја праша дали сака да го помине животот со неа.

Популарната пејачка за оваа пригода дошла со својот гитарист, а целата ситуација ја снимила за својот јутуб-канал.

Таа им ја пеела нејзината романтична песна „Једанајест“, додека тој ја запросува, а потоа танцуваат.

Погледнете го спектакуларното запросување (чинот е од 8-мата минута):

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.