Адел со солзи радосници во очите: „Ова е првпат да ме гледа додека настапувам!“ (ВИДЕО)

Популарната пејачка во текот на својот настап му помогна на едно момче да ја побара за жена својата девојка.

Британската пејачка Адел (33), по шест години пауза, во неделата го одржа својот прв концерт.

Пејачката во текот на концертниот специјал извела 10 песни, кои вклучувале мешавина на старите хитови како „Hello“ и „Rolling in the Deep“, како и некои нови песни од нејзиниот нов албум, „30“.

Адел се појавила во гламурозен црн фустан во крој на сирена, а открила и дека тоа ѝ е прв концерт на кој се наоѓа нејзиниот деветгодишен син Анџело.

Ова е првпат мојот син да ме гледа како настапувам“ – рекла Адел низ солзи.

Уште еден емотивен момент настапил кога Адел во текот на својот настап му помогнала на едно момче да ја запроси својата девојка. Секако, девојката не очекувала ваков гест, па била мошне изненадена.

Девојката со превез на очите немала поим што се случува, ниту што планирало нејзиното момче. Откако ѝ го симнал превезот од очите и ја запросил, се вклучиле светлата и на сцената се појавила Адел. Девојката останала без текст, шокирана, а снимката од ова запросување стана хит на интернет со молскавична брзина.

Ова дефинитивно нема никогаш да го заборави“, „Таа е запросена пред една од најдобрите пејачки на денишницата“, „Ова е прекрасно“, „Не можам да престанам да плачам“!

https://www.youtube.com/watch?v=16nPbqkF1_s

Видео: Youtube

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.