Ненадминливо моќна: Комбинација од две намирници што ги чува срцето и крвните садови!

Ѝ нема рамна!

Прочитајте зошто редовно треба да ја внесувате

Истражување од ирански универзитет покажало дека лимоновиот сок во комбинација со лук, може да помогне за снижување на нивоата на холестерол во крвта и високиот крвен притисок.

Истражувањата од Универзитетот за медицински науки во Исфахан, откриле дека лимоновиот сок во комбинација со лук може да го снижи нивото на холестерол и крвен притисок кај лицата со хиперлипидемија, состојба која вклучува високо ниво на триглицериди, холестерол и други масти во крвта.

Овој природен лек претставува алтернатива за лекови како статини, кои исто така го снижуваат нивото на холестерол, но без дополнителни придобивки по намалувањето на крвниот притисок.

Високиот крвен притисок и високиот холестерол се двата најважни фактора на ризик за појава на кардиоваскуларни болести. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, помеѓу 37 и 48 милиони возрасни лица на светот со покачен крвен притисок и висок холестерол немаат услови да ја држат својата здравствена состојба под контрола.

Предности на комбинацијата на сокови од лук и лимон

Претходни истражувања веќе имаат докажано дека лукот може да го намали нивото на холестерол.

Во истражување објавено во Меѓународниот магазин за превентивна медицина, истражувачите од иранскиот универзитет проучиле како свежиот лук во комбинација со лимонов сок, може да влијае врз крвниот притисок и нивото на холестерол. Како дел од тоа, вклучиле 112 лица со хиперлипидемија и ги поделиле во четири групи.

Четири групи морале да јадат различни количини лук и лимонов сок во период од осум недели. Една група морала да јаде 20 г лук со лажица лимонов сок, преостанатите две јаделе само лук или само лимонов сок, додека четвртата група не јадела ниту една од овие намирници. Освен тоа, учесниците исто така морале да водат евиденција за исхраната и за физичката активност во текот на тие осум недели.

Врз основа на земените примероци на крв на почетокот и на крајот од тестот, истражувачите откриле значително намалување на вкупното ниво на холестерол и крвен притисок во групата што земала сок од лук и лимон во споредба со другите групи. Покрај тоа, оваа група исто така покажала и намалување на фибриногените, протеини во крвната плазма, неопходни за правилно згрутчување на крвта. Абнормалните нивоа на фибриногени и други слични фактори на згрутчување можат да доведат до создавање грутки во крвта и тромбоза.

Лукот како природна алтернатива за статини

Лекувањето на високиот холестерол обично вклучува група на лекови што се викаат статини. Тие ги намалуваат липопротеините со ниска густина (познати како лош холестерол ЛДЛ), чија висока концентрација може да се насобере како плак во ѕидовите на артериите.

Статините го намалуваат нивото на холестерол, блокирајќи го ензимот наречен ХМГ-КоА редуктаза, кој е вклучен во синтезата на холестерол. Меѓутоа, истражувањата покажале дека статините можат да предизвикаат несакани ефекти, како што се болка во мускулите, оштетување на црниот дроб, жолтица и рабдомиолиза (уништување на мускулните клетки).

Исто така, употребата на статини не им се препорачува на лица со дијабетес и активни болести на црниот дроб, на неодамна оздравени пациенти од мозочен удар или на трудници и доилки.

Во друго истражување, истражувачите од државниот универзитет во Пенсилванија, откриле соединение на лукот наречено С-алил цистеин кој дејствува како моќен инхибитор на синтезата на холестерол. Наредното истражување на истиот тим открило дека ова соединение ја намалува активноста на ХМГ-КоА редуктазата.

Овие испитувања покажуваат дека само лукот или во комбинација со лимонов сок може да им пружи на луѓето сигурен природен метод за намалување на нивоата на холестерол и контрола на крвниот притисок.

Зошто чистите крвни садови се најважното нешто за време на коронавирусот: Лек што мора да го пиете периодов!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.