Меган е бесна како рис: Принцот Хари кришум излегува навечер и пие со оваа пејачка?!

Меган го изгубила разумот

Странските медиуми се распишувале за зачестеното дружење на принцот Хари со пејачката

Принц Хари (35) и Меган Маркл веќе четири месеца живеат во Лос Анџелес со синот Арчи, но изгледа дека не им цветаат рози, ако може да им се верува на странските медиуми.

Имено, според таблоидот New Idea, принцот Хари кришум излегува навечер од дома и се забавува со пејачката Адел (32), која инаку им е сосетка.

Изворот открил дека Адел и принцот Хари наводно се состануваат и пијат заедно.

„Една вечер, Меган дозна од еден член на послугата дека Хари се искрадува од дома. Хари не го крие своето пријателство со пејачката, но Меган нема забележано дека се случува нешто позначајно“, открил извор близок на британското кралско семејство и додал:

„Меган толку беше опседната со тоа нивните животи да одат во онаа насока што таа си ја замислила што не забележа дека Хари бара утеха во други жени.“

Изворот исто така открил дека принцот и пејачката тајно се дружат најмалку еднаш неделно.

„Адел е забавна и сака да се напие, исто како и Хари пред да ја запознае Меган. Таа му внесе свежина во животот и го заштити од сето она што му се случува во Лос Анџеле, а што воопшто не му се допаѓа.“

Меѓутоа, изворот нагласил дека „пијаните ноќи“ со Адел воопшто не се непримерни и дека Меган нема причина да се лути.

„Колку што слушнав, тука нема никаков флерт, иако Хари неколку пати повтори дека е воодушевен од изгледот на пејачката.“

Испливаа нови детали за нарушениот однос меѓу јатрвите: Меган ги изгубила нервите, врескала поради ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.