Регенерирајте го организмот по инфекција

За да се ослободите од бактериска или габична инфекција, потребни се и време и упорност. Антибиотиците се спас, но бидете внимателни, бидејќи нивното долготрајно користење предизвикува нови проблеми. Чаевите од лековити билки нека ви бидат секогаш при рака

„Речиси две години не можев да се излечам од циститис, а по долготрајно земање на антибиотиците што ми ги пропиша лекар добив уште и габички“, се пожали нашата читателка Вера од Струмица, во писмото испратено до нашата редакција.

Последните анализи не покажаа никаква инфекција. Меѓутоа, страшните симптоми не престанаа, постојано чувствувам јадеж, пецкање и болка. Ми велеа дека е потребно да се обнови нормалната микрофлора на цревата, така што јас веќе цела година редовно консумирам кисело-млечни производи и држам диета. Не јадам многу солена, зачинета и мрсна храна, но нема никаква корист од тоа. Кои тревки би можеле да ми помогнат да ги отстранам неподносливите симптоми?“

Одговорот го побаравме од стручната соработничка на специјализираното списание за здравје „Руски доктор“, Алјевтина Кремњева, треварка.

Пред сѐ, треба да се смирите, да ги доведете во ред нервите. Во тоа ќе ви помогне секојдневна употреба на билни чаеви. Лажиче нане и маточина прелејте со 150 мл зовриена вода во чајник. Додајте лажиче мед. Пијте го пред спиење еден месец.

 Потрудете се редовно да ги празните цревата. Доколку се појавуваат симптоми на запек, спазам и надуеност, направете го следниот одвар: по едно лажиче семе од морач, тревка росопас и цветови од камилица прелејте со 200 мл зовриена вода во термос.

Оставете го да отстои 15 минути, па исцедете го. Земајте по 100 мл во текот на оброците. Одварот можете да го правите еднаш-двапати неделно.

 За да ги отстраните јадежот, чувството на болка и пецкањето, а исто така и да ја обновите слузокожата, препорачувам секојдневни бањи со одвар од тревки: по една лажица невен, аптекарска камилица, подбел и две лажици бутрак прелејте со литар вода, оставете до зоврие, па варете го на тивок оган десет минути.

Исцедете го. Дополнете го со вода до зафатнина од пет литри. Еден месец практикувајте седечки бањи пред спиење.

Текст: Руски доктор
Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.