Испливаа нови детали за нарушениот однос меѓу јатрвите: Меган ги изгубила нервите, врескала поради ова!

Книгата открива...

Послугата на дворот обожава да зборува, иако не би требало

Книгата „Интимни мемоари од кралицата Мери до Меган Маркл“ од авторот Том Квин, ги прикажува случувањата на кралскиот двор и ги разоткрива сите детали за нарушените односи што се кријат зад затворените врати на палатата.

Меган и принц Хари не се во добри односи со принц Вилијам и Кејт Мидлтон, а поранешната актерка имала неколку гневни испади на послугата во дворот, тврди авторот на серијалот книги за британското семејство.

Господин Квин напишал 90-на книги во животот, а половина од нив се за палатата.

„Меган и Хари живееја одвоено од остатокот од семејството, во пет пати помалку квадрати од Вилијам и Кејт. Поради тоа, поранешната актерка се чувствуваше како гостинка на дворот и дека не припаѓа таму. Имаше чувство дека никогаш нема да ја добие почитта и третманот што ги ужива Кејт“, пишува во еден дел од книгата.

Додека живееле во Велика Британија, браќата и нивните сопруги често се дружеле. Па потоа поретко и на крај никогаш. А на тоа, наводно му претходел еден инцидент.

Имено, една вечер Меган ги изгубила нервите и почнала да вика на една членка од послугата на војвотката од Кембриџ.

„Меган побара од послугата да направат нешто за неа. Ѝ кажаа дека нема да го направат тоа, бидејќи тие работат за Кејт. Така оди протоколот на дворот. Сите имаат своја послуга. Но Меган потполно ги изгуби нервите и почна да вика. Врескаше дека таа е дел од дворот и дека заслужува почит. Тогаш засекогаш се наруши односот помеѓу јатрвите. Кејт не можеше да поверува, имаше солзи во очите, таа не е навикната на такви испади. Хари и Вилијам само гледаа. Подоцна се обидоа да ја смират ситуацијата, но еве, гледате колку беа успешни во тоа“, иронично пишува авторот Квин.

Меѓутоа, Кејт не била најголемиот проблем на Меган во дворот. Далеку од тоа.

Британските таблоиди наведуваат дека Меган сметала дека најмногу ја предала кралицата Елизабета Втора (95).

Кога се запознале, Меган се воодушевувала на едноставноста, виталноста и ставот на кралицата. Ѝ било тешко да им се прилагоди на кралските правила. Тоа беше потполно нов живот за неа.

„На почеток не ѝ пречеа новинарските статии. Со оглед на тоа што актерката е навикната нејзиниот живот да биде под лупа на јавноста. Но не знаеше дека ова е некое потполно друго ниво. Веруваше дека кралицата ќе ја заштити, но кога покрена тужба против медиумите, не наиде на нејзина поддршка.“

Ја оставиле на „цедило“: Меган Маркл не била заштитена од нападите за време на бременоста
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.