Ана Николиќ: „Потонав во секоја смисла и го допрев дното“

Искрено

Фото: AТА Images

Ана Николиќ во интервјуто за магазинот „Сори“ истакна дека цел живот мечтаела да се омажи од љубов и да роди дете.

Цел живот мечтаев да се омажам од љубов и да родам дете. Се занимавав со кариерата, но секогаш ме интересираше повеќе семејството. Кога ми се случи не баш онака како што замислував, се скршив. Кај мене ништо не може да биде просечно. Никогаш ги нема т.н. сиви зони. Или е црно или е бело. Или е врв, или е дно“, вели Ана, и додава:

pop zvezda ana nikolić

Тоа е крстот што го носам, некогаш е лесно, главно е тешко, но го носам, немам избор. Вистина е дека во еден миг по разводот го допрев дното. Потонав во секоја смисла на зборот, а кога паднав толку длабоко што веќе немаше каде да одам, повторно се искачив на врвот. Доста време ми беше потребно да си се вратам себеси и да донесам важни одлуки“, вели Ана.

Фото: ATA Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.