Една студија открила дека за жените одењето на работа е како пауза од домашните обврски
Дали домашниот стрес е поголем од деловниот?
Домот честопати се нарекува оаза и засолниште од стрес, но студијата на американскиот универзитет „Пен Стејт” откри дека за повеќето луѓе домот честопати е повеќе стресно место отколку на работа.
Во оваа студија истражувачите гиомереле нивото на хормонот на стрес кортизол од крвта на мажи и жени испитаници од сите сфери на животот и откриле дека, како по правило, луѓето имаат значително пониско ниво на стрес на работа отколку дома. Мерењата беа извршени во работните денови и викендите, а потоа испитаниците пополнија прашалник за тоа како се чувствуваат.
Иако мажите исто така се под помалку стрес на работа, истражувачите заклучија дека овој ефект е уште посилен кај жените затоа што работата за многумина е прекин од работните обврски во домаќинството.
„Иако мажите работат повеќе дома денес отколку порано, жените сè уште ја преземаат работата и самото размислување за тоа предизвикува стрес“, вели водачот на студијата Сара Дамаске.
Прочитајте и: ТЕСТ: Дали за 10 години ќе бидете богати или сиромашни?
ФОТО: Pixabay