Еве како сами да направите совршено природен џем од кајсии
Состојки:
- 2 кг кајсии
- 500 г шеќер
- 200 мл вода
- сок од еден лимон
Приготвување:
Кајсиите исчистете ги од семки. Во тенџере ставете шеќер и вода и загревајте додека се стопи. Потоа, додајте ги кајсиите и лимоновиот сок и варете со постојано мешање додека ја добиете посакуваната густина. Пожелно е околу 45 минути.
Врелиот џем сипете го во врели тегли и добро затворете ги. Потоа, ставете ги теглите во рерна на 90 степени Целзиусови еден час, па исклучете ја рерната и оставете ги теглите да преноќат. Уживајте!