По 7 дена молк, Меган Маркл се огласила: „Единствено погрешно нешто е тоа да не се каже ништо!“ (ВИДЕО)

Во борба против расизмот

Длабоко ја погодил овој настан

Меган Маркл снимила видео кое осамнало на Јутјуб, а кое им било испратено на учениците од средното училиште Immaculate Heart High School во Лос Анџелес. На видеото, сопругата на принц Хари разговара за актуелната тема што ја вознемири Америка и светот, поттикната од бруталното убиство на Џорџ Флојд.

Со оглед на тоа што повеќе од една недела молчела, вообичаено активистички настроената Меган, се нашла на удар од јавноста.

Им се извинила на сите за молчењето и кажала:

„Не бев сигурна што да кажам. Сакав да испратам правилна порака и да размислам за сето тоа што ќе го кажам, а не нешто погрешно да се протолкува. Имав голема трема, бев нервозна и ми беше страв. Но тогаш сфатив дека единственото погрешно нешто е тоа да не се каже ништо“, нагласила поранешната војвотка од Сасекс.

Освен на последно убиениот Афро-американец, Меган се присетила на уште неколку жртви на слично насилство и ги истакнала.

„Сето ова што го гледаме последнава недела ширум нашата држава, во нашиот роден град Лос Анџелес, ме скрши“, рекла таа.

Се присетила на своето детство во Лос Анџелес и на настаните што не ѝ излегуваат од глава, односно случајот на бруталното полициско насилство врз Родни Кинг, кој исто така е карактеризиран како чин на расизам.

„Имав 11 или 12 години, кога во Лос Анџелес имаше големи немири поради сличен чин. Се сеќавам дека воведоа полициски час и дека брзав да стигнам дома, се сеќавам на чадот што се подигнуваше во небото од силните немири што владееја во градот. Се сеќавам како туркаа луѓе во полициски комбиња додека држеа пушки. Кога дојдов пред куќата, го видов дрвото што отсекогаш стоеше таму, скршено и срушено. Таквите работи едноставно ви се врежуваат во сеќавањето“, се присетила Меган.

Ова не е првпат Меган Маркл да зборува за расизам. Уште на рана возраст се среќавала со предрасуди, зашто татко ѝ е белец, а мајка ѝ, Дорија Рагланд е Афро-американка. Меган многу години по матурата јавно прозборела дека нејзините колеги честопати мислеле дека мајка ѝ е нејзина дадилка и слугинка во куќата.

Овие работи многу ја погодиле и подоцна секогаш се залагала за еднаквост и почит без оглед на расата, верата или полот. Погледнете го видеото…

Меган Маркл повеќепати до сега „легнала под нож“ – Променет и е личниот опис од естетските корекции
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.