Кралицата Летиција во чевлите што ги обожаваат сите жени со стил: Удобни се и совршено одат со панталони

Модна икона

Шпанската кралица Летиција и кралот Фелипе Шести го посетиле Меркамадрид во Мадрид, најголемиот шпански пазар

Кралскиот пар се прошетал меѓу тезгите и разгледувал разни производи, а притоа разговарал со управата и продавачите за предизвиците со кои моментално се соочуваат во својата работа поради пандемијата.

Летиција, традиционално, поголемиот дел од официјалните посети ги извршува во чевли на потпетици, но со оглед на тоа што ова било утринска задача, која вклучувала и подолга прошетка низ пазарот, кралицата мудро ги оставила потпетиците во плакарот и се одлучила за многу поудобни обувки.

https://www.instagram.com/p/CAtsoGiHPlv/

Со панталони, џемпер во црна боја и со сиво карирано сако на дизајнерката Каролина Херера, Летиција ги обула своите оксфордски чевли. Поточно, станува збор за верзија на оксфордските чевли кои наместо класична ниска и широка блок-пета, имаат тенка платформа.

Ваквите чевли одлично одат со панталони или фармерки, а нивни горди сопственички во некои малку поинакви изведби биле и Марлен Дитрих, Кетрин Хепберн, но и Кејт Бланшет. Модерните, софистицирани чевли се задолжително парче во плакарот, особено за жените што обожаваат минималистички стил.

Кралицата Летиција во панталоните во кои верува секоја жена: Можеме да ги носиме на 100 начина! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.