Сара Јо на виртуелното отворање на GUESS во Скопје

На денот на отворањето на виртуелната продавница за сите купувачи ќе има голем број изненадувања и екслузивно гостување на популарната Sara Jo

Одлична вест за љубителите на брендот Guess. Во Скопје почнува да функционира првата монобренд продавница Guess, во која ќе биде застапена женска, но и машка колекција.

Од денес, купувачите ќе можат да ги најдат своите омилени парчиња на виртуелната продавница на www.fashiongroup.com.mk, а со отворањето на трговските центри и во продавницата во Skopje City Mall на приземје. Во рамките на продавницата ќе бидат застапени линиите Guess, Guess Jeans, како и Marciano by Guess.

На денот на отворањето на виртуелната продавница за сите купувачи ќе има голем број изненадувања и екслузивно гостување на популарната Sara Jo (@sarajoofficial) . Таа со свој перформанс ќе се вклучи во живо на Инстаграм профилот на Fashion Group денес во 20 часот.

За сезоната пролет/лето 2020 Guess нуди колекција која изобилува со атрактивни и трендовски модели. Женственоста е на прво место, а неа на одличен начин ја доловува сензуалната Џеј Ло, која е Guess девојката за оваа сезона.

 

Ве покануваме да бидете дел од уште едно уникатно модно искуство на онлајн продавницата на Fashion Group!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.