Инфлуенсерките препорачуваат: Кој моден тренд настана во изолација? (ФОТО)
Моден тренд создаден во карантин. Да, вистина е!
Кога нешто е задолжително, на голем број луѓе не им е привлечно, па макар се работело за долгоочекуваното одморање дома. Во моменталната ситуација, кога речиси целиот свет се бори со коронавирусот – се’ запре! Па така, иако до скоро се жалевме дека немаме доволно време за себе, семејството, дека ни треба одмор од брзањето, дотерувањето и шминкањето, сега копнееме по сето тоа.
Меѓутоа, ако мислите дека сите се откажаа од дотерување по дома, се лажете. И понатаму се тера мода, само што таа доби поинаков облик. Па така, ако мислите дека треба само да се излежувате во пижами и да не вимавате што носите, популарните трендсетерки одлучија да не’ „потресат“. Темата е кежуал, но модерен. Станува збор за тренерките.
Познатите дами ни покажаа како носат тренерки во услови на карантинот и на тој начин повторно го актуализираа модниот тренд од 1990-тите години. За разлика од голем број трендови, овој е барем удобен и веруваме дека ќе имс е допадне дури и на оние што претпочитаат елеганција во движење.
Фото: Guliver/Getty Images