Ве мачи сува и испукана кожа на лактите? Ви нудиме решение од природата!

Негувајте ги со народен мелем

Лактовите често се запоставуваат бидејќи е тешко да се видат, а пожелно е кожата на тој осетлив дел од телото периодично да се третира.

Сувите и груби лактови, одвреме-навреме, треба да се почестат со следното пакување: мешавина од две лажици мед и една лажица лимонов сок се нанесува на кожата и се остава да дејствува половина час.

По миењето, лактовите се мачкаат со хранлив крем.

Наместо тоа, лактовите може да се намачкаат и со топло бадемово масло, кое по пет минути се отстранува со крпа. Кожата потоа е потребно да се премачка со мешавина од лимонов сок и глицерин.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.