Ако немате многу време за приготвување на ручекот, со помош на овој рецепт ќе изгледате како професионалец во кујната!
Состојки:
- шпагети
- сол
- 200 g гуанчали (панчета или сланина)
Состојки за сос:
- 2 јајца
- 1 жолчка
- бибер
- Изрендан пармезан
Прочитајте и: Ова е најдобриот сос за шпагети: Се приготвува за 5 минути, а сите го обожаваат
Приготвување за две личности:
Во врела вода сипете 10 g сол и додадете ги шпагетите. Не ставајте масло, само повремено промешувајте за шпагетите да не се залепат.
Додадете го сецканото гуанчали (панчета или сланина).
Во тава ставете маслиново масло, а потоа додадете го гуанчалето.
Во сад изматете ги јајцата, па додадете им пармезан и бибер.
Намалете ја температурата во тавата за пржење, а кога гуанчалито ќе зарумени тргнете го од огнот и оставете да се олади.
Земете салфетка и од тавата соберете малку од маснотиите.
Додадете ги шпагетите (извадете една, ако не е целосно омекната оставете да се готви уште 4-5 минути) во тавчето и добро промешајте.
Немојте да чекате целосно да се оладат, додадете го сосот кои го направивте и повторно добро промешајте.
Важно е да не биде премногу загреано бидејќи јајцата не треба да бидат премногу зготвени.
Кога сервирате додадете уште малку изрендан пармезан и бибер.
Совет: За вистинско искуство, ако сакате да приготвите правилни шпагети карбонара, обидете се да пронајдете гуанчали. Тоа е италијанско суво месо направено од свински образ. Секако, панчетата може да биде добра замена.
ФОТО: Getty Images